Интензивниот топлотен бран се очекува во Грција да се задржи до среда 10.07. кога се очекува значаен пад на температурите.
Во среда на Халкидики се очекува температурите да паднат на 29 степени Целзиусови.
Во четврток на Халкидики се оечкува максимална дневна температура од 24 степени, со многу облаци и дождови.
Таквото време се очекува до сабота, а во сабота ќе биде облачно со многу обилни врнежи, грмежи и температура до 28 степени. Можно е временските неприлики да ги зафатат и Скијатос и Скопелос.
Во северот од Грција ваквото време ќе се задржи до следјниот вторник.
Во останатиот дел од Грција ќе биде сончево и топло.