За здрав црн дроб користете го ова растение – придобивки од млечен трн

ИЗВОРНов Лист
|

Црниот дроб е еден од најважните органи, бидејќи тој ги преработува сите токсини кои се внесуваат во организмот. Тој е најголема жлезда во човековото тело. Се наоѓа зад ребрата, во горниот десен дел од абдоменот. Црниот дроб има бројни и многу важни животни функции, кои се битни за одржување на човековото здравје. Црниот дроб е важен и за детоксикација на организмот.

Тој исто така е важен и за регулирање на шеќерот и холестеролот во крвта, како и за синтеза на протеини кои циркулираат во крвта. Црниот дроб е орган одговорен за промена на мастите кои се внесени преку исхраната во тип на масти кои се таложат во телото и истите се користат од страна на телото како извор на енергија. Нарушувањето на овој нормален процес може да се јави при алкохолизам, малнутриција, бременост или труење.

За замастениот црн дроб односно за враќање на неговата нормална функција и детоксификација на телото од големои значење е примената на Млечен трн.

Silybum marianum L. – Бел или Млечен трн ( странски имиња: srb. Sikavica, hrv. Badelj, Divlja Articoka eng. milk thistle, blessed milk thistle ger. Mariendistel, Milchdistel, Silberdistel)

Silybum marianum L. (белиот трн) е вид на трн кој припаѓа на група цветни растенија кои се карактеризираат со лисја со остри боцки на рабовите, најмногу од фамилијата Asteraceae. Боцките може да се појават и по целото растение – на стеблото и на рамните делови од листовите. Овие боцки се адаптација што го штити растението од јадење тревопасни животни.

Хепатопротективниот ефект на екстрактите од белиот трн се остварува преку неколку механизми

•зголемена протеинска синтеза во хепатоцитите и стимулација на црнодробна регенерација,

•антиоксидативна активност и зголемена детоксификациона активност, и

•антиинфламаторно дејство, преку стабилизација на мастоцити, инхибиција на неутрофилите и на инфламаторните простагландини и леукотриени.

Млечниот трн е одобрен уште во 1986 год. од здравствените институции во Европа како медицинска билка за третман на црнодробни заболувања и успешно се користи за третман на заболувања на црниот дроб, како цироза, хепатитис, некроза и црнодробно оштетување предизвикано од алкохол, лекови (постстероидна терапија), отровни печурки (Amanita phalloides) и др. токсични материи.

Ефикасноста на белиот трн била клинички испитувана за сите наведени хепарни заболувања. Утврдено е дека белиот трн ги подобрува вредностите за ензимите аминотрансферази кои се индикатори за нарушена функција на црниот дроб. Добиени се голем број позитивни наоди, но сепак досегашните докази не се доволно јасни за да се утврди кога белиот трн може да биде поефикасен кај некои заболувања на црниот дроб во однос на конвенционалните лекови, а тешко може да се дефинира времетрaењето на терапијата. Индикација за која со сигурност може да се каже дека белиот трн е ефикасен е труење со отровни габи (Amanita phalloides).[8-11] Во ваков случај всушност се користи изолиран силибин кој се дава интравенски 20 mg/kg телесна тежина во тек на 24 часа, поделено во 4 инфузии.