|
Во Црна Гора утрово е регистирран земјотрес со средна јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала.
Епицентар на земјотресот е на пет километри југоисточно од Улцињ, а е регистриран во во 6.16 часот, соопшти Сеизмолошкиот оддел на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора.
Магнитудата на земјотресот одговара на епицентрален интензитет од V-VI на Меркалиевата скала. Епицентарот се наоѓал на длабочина од 12 километри.
Врз основа на нумеричкиот модел на промената на интензитетот со растојанието во тој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, земјотресот можел да предизвика само мала материјална штета во епицентралното подрачје.