Земјотрес во Загреб, граѓаните исплашени

ИЗВОРНов лист
|

Попладнево во Загреб во 17:51 часот се почувствувал земјотресот кој бил со јачина од 3,1 степен по Рихтер, со епицентар во Маркушевац.

Првите информации говорат дека потресот бил со магнитуда од 2,9 степени по Рихтер, а епицентарот на потресот на 4 километри источно од центарот на градот. Тресењето траело неколку секунди.

„Ми се затресе зградата и ме турна“, јавуваа загрепчани.

„Добро затресе“, „Тресеше лошо“, „Се се лулаше“, “Добро здрма“, „Имаше и звук, и татнеж и тресок“, се некои од коментарите на загрижените граѓани.

Последниот во низа потреси во Загреб се почувстува пред една недела. Тогаш беше со магнитуда од 2,4 степени по Рихтер. Послаб потрес се почувствувал претходниот ден, кога магнитудата била 1,8.

Откако Загреб во март го погоди силен потрес со јачина од 5,5 степени по Рихтер, тлото не престанува да се тресе. Досега се забележани над илјада помали потреси.