Жељко не штедеше: Јована Јоксимовиќ го покажа безобразно скапиот подарок што го доби од сопругот

ИЗВОРНов Лист
|

Водителката Јована Јоксимовиќ со години важи за една од најубавите дами на Балканот. И колку и да води сериозна емисија, се чини дека она што го кажува секогаш е во сенка на нејзиниот беспрекорен изглед.

Изгледот на Јована Јоксимовиќ е секогаш совршен, од шминка и фризура до гардероба. А, водителката секогаш дополнително го надополнува стајлингот со соодветни додатоци. Но сега еден детал на неа привлече големо внимание. Имено, голема прашина на социјалната мрежа Инстаграм крена фотографијата на која во преден план е скапиот часовник на Јована Јоксимовиќ.

Навикнати водителката многу да внимава на деталите, обожавателите на познатата дама не беа особено изненадени кога на нејзината рака видоа луксузен додаток, но имаше и такви кои веруваа дека цената за часовникот на Јована Јоксимовиќ е превисока, а Полемиката на таа тема започна со брзина на светлината.

Станува збор за часовник „Ролекс“, модел „Datejust“ изработен во комбинација од челик и жолто злато, чија цена изнесува вртоглави 14 илјади евра.

Иако имаше и такви кои изразија мислење дека потрошила огромна сума на часовникот, повеќето се согласија дека нејзиниот сопруг Жељко се погрижил изгледот на Јоавна Јоксимовиќ да биде доведен до совршенство со овој прекрасен моден додаток.