Метеорологот Џош Вајс истакнал дека последен пат толку голема олуја, толку рано во годината, била забележана во 1930-та година.
Во некои делови на САД зимата подранила оваа година, а во Монтана е прогласена вонредна состојба бидејќи патиштата се блокрани поради снег со висина од 121 центиметар.
Околу 48 центиметри снег паднале во северозападот на сојузната држава Вашингтон, а снег има и во делови на Калифорнија, Невада, Вајоминг, Орегон и Ајдахо.
Во некои делови на земјата денес се очекува да падне уште 2,5 до 5 центиметри снег, додека во Монтана, на планините на северен Вашингтон и во Ајдахо на сила е предупредување на зимска олуја.
Температурите на западот на Монтана и северот на Ајдахо паднале вчера на минус 6,6 степени, пренесува “Reuters”.
Гувернерот на Монтана, Стив Булок, вели дека зимската олуја во септември е вистинско изненадување, но дека државата и локалните власти блиско соработуваат за да го заштитат здравјето и безбедноста на граѓаните.