Поранешната прва дама, Хондурас Роса Елена Бонила (52), денеска била осудена на 58 години затвор, поради тоа што присвоила околу 600.999 долари државни средства во периодот од 2010-та до 2014-та година, за време на мандатот на нејзиниот сопруг Порфирио Лобо.
Пресудата за Бонила е за присвојување и измами и добила максимална казна.
Делото против Бонила било покренато на барање на антикорпциската мисија на Организацијата на американски држави.
Според истрагата на невладиниот Национален антикорупциски совет на обвинители -Бонила префрлила 600.000 долари од државните фондови на нејзина лична сметка пет дена пред истекот на четиригодишниот претседателски мандат на Лобо во јануари 2014-та години.
Врховниот суд на Хондурас вчера одлучил Бонила да врати 10 проценти од присвоените средства.
Нејзиниот личен помошник Саул Ескобар исто така е уапсен и осуден на 48 години затвор.