|
Припадниците на шпанската крајбрежна стража спасија над 200 мигранти кои се обиделе од Африка да дојдат во Шпанија.
Крајбрежната стража наведе дека мигрантите биле пронајдени вчера напладне во Алборанското Море, помеѓу североисточно Мароко и југоисточниот дел од Шпанија.
Според официјалните податоци, од почетокот на годината до средината на август во Шпанија дошле 18.018 мигранти, што е за 39 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.