|
Група научници кои со месеци истражувале околу езерото Лох Нес, сметаат дека ќе ја решават мистеријата за чудовиштето Неси.
Тие изолирале ДНК примероци од водата, земени од различни делови и длабочини од езерото. Според нивните сознанија, сите траги покажуваат дека во ова езеро живеат познати видови животни и не е пронајдено ништо мистериозно.
Ова е лоша вест за сите оние кои веруваат и посакуваат ова чудовиште да постои, но во време кога науката е развиена, нема простор за мистерии и заговори.
Исто така, во примероците од езерото се пронајдени траги од ДНК од јагули, па мистеријата можеби е изградена околу единка која пораснала повеќе од вообичаено, но сигурно не се џиновски.