По жешката убавица на Холивуд секој воздивнуваше, а вака изгледа денес популарната Ен Маргрет

|

Популарната шведско-американска актерка денес има 78 години. Љубителите на светската кинематографија сигурно се сеќаваат на популарната актерка Ен Маргрет Олсон, која во 60-те и 70-те години на минатиот век важеше за една од најубавите жени на светот.

Црвенокосата убавица родум од Стокхолм привлекла внимание со улогата во филмот “Pocketful of Miracles“ од 1961-та година каде што добила награда Златен глобус.

Оттогаш кариерата на Ен Маргет почнала да се подобрува. По филмот “Bye, Bye Birdie” добила можност да глуми во “Viva Las Vegas“ и тоа заедно со легендарниот Елвис Присли.

Ен Маргрет го толкувала ликот на Раст Мартин со што стекнала светска слава. Дури своевремено се зборувало дека таа била во врска со Елвис.

Ен била најатрактивната актерка на Холивуд, а мажите само воздивнувале по неа. Меѓутоа, за жал многу припадници на посилниот пол се разочарале кога црвенокосата убавица во 1967-та година се омажила за колегата Роџер Смит со кој била во брак до неговата смрт во 2017-та година.

Освен со актерството, Ен Маргрет успешно се занимава и со музика, а вкупно издала 14 албуми.

Ен Маргрет денес има 78 години и и денес се занимава со актерство.