Претседателот на Русија, Владимир Путин верува дека заедничкиот интерес за џудо му помага на него и на монголскиот претседател Калтмагин Батулга да бидат „на иста бранова должина“ и да одржат ефикасен дијалог.
„Заедничките интереси и сличниот начин на размислување ни помогнаа брзо да воспоставиме меѓусебно разбирање или иста бранова должина“, изјави рускиот лидер во интервјуто за монголските медиуми во пресрет на посетата на главниот град Улан Батор.
Како што откри Путин, двајцата претседатели се трудат не само да се состанат на политичките случувања или економските форуми, туку и на трибините на светските првенства во џудо.
Рускиот претседател изјави дека Батулга вежба џудо и борење и го опиша како „меѓународно познат мајстор во боречки вештини“.
„За мене џудото не е само спорт. Џудото поттикнува волја, почит кон другите, издржливост, способност достоинствено да се извлечеш од тешки ситуации“, заклучи Владимир Путин.