Ако Балканот наскоро не влезе во ЕУ, ќе зажалиме

|

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, ја повикала Унијата да го задржи силното присуство на Западен Балкан за остварување на јавниот интерес, воведување на целиот Балкан во ЕУ.

“Убедена сум дека, ако не го направиме тоа, ќе зажалиме веќе за неколку години”, порачала Федерика Могерини. 

Федерика Могерини во своето обраќање на годишната конференција на амбасадори на земјите членки на Европската унија во Брисел оценила дека влегувањето на Западен Балкан во ЕУ е прашање на обединување на целиот европски континент и дека тоа е потребно како за Балканот, така и за ЕУ.

“Имаме јасен интерес да го воведеме целиот Балкан во ЕУ. Сите знаеме дека тоа е долг, компликуван, секогаш интересен и одговорен процес кој ќе бара доста време, решавање на проблеми и многу политичка посветеност од сите страни и одлучност”, навела Могерини.

Таа го навела примерот за решавањето на прашањето со името на Северна Македонија, оценувајќи дека тоа е постигнато со залагањето на Атина и Скопје и со константна поддршка и охрабрување од ЕУ.

“Истото важи за целиот Балкан. Ќе ни бидат потребни храброст, лидерство и упорност, како и тоа таму да го задржиме силното константно присуство, што значи секој ден”, нагласил Могерини.

Шефицата на Европската дипломатија смета дека таквиот ангажман на ЕУ на Балканот конечно ќе бидат остварени и сите можности кои континентот ги има.

“На прво место е помирувањето. Ова е единствено место каде проширувањето се враќа на почетните вредности за изградбата на ЕУ, а тоа создавање на мир таму каде што имало војна”, навела Могерини.

Таа оценила дека земјите кои меѓусебно војувале пред само 20 години, со помош на ЕУ перспективите, односно животите под ист кров, може да дојдат до вистинско помирување и мир.

“Тука е и прашањето за економски развој, трговија, социјален развој, безбедност. Од тоа добро ќе мине не само Балканот, туку и сите ние. На нам тоа ни е потребно. На ЕУ тоа и е потребно”, нагласила Федерика Могерини.

Шефицата на дипломатијата на ЕУ во заминување обраќајќи им се на амбасадорите порачала дека е време со “мудрост и упорност да се направи следниот чекор кон обединување со европското семејство”.

“Убедена сум дека ако не го направиме тоа, ќе зажалиме за неколку години”, заклучила Могерини.

Федерика Могерини во текот на својот говор навела и дека Унијата ја остава во “добри раце”.

Таа оценила дека Жосеф Борел, кој е именуван за нов шеф на дипломатијата на ЕУ – е одличен министер и се надева дека ќе биде одличен висок претставник на ЕУ.