На екраните тој е претставен како опасниот женкар Џејмс Бонд и љубовник на Мерил Стрип, но приватниот љубовен живот на актерот Пирс Броснан е подобар од која било друга приказна прикажана во филмовите. Актерот и неговата прекрасна жена Кили Шеј Смит, минатата година ја прославија нивната 25-годишнина од брак и очигледно е дека нивната љубов е сè уште силна како и првиот ден.
Броснан, којшто никогаш не се срамел од јавно покажување на неговите чувства за Смит, неодамна објави фотографија на Инстаграм на којашто парот се гледа во очи, а над неа има натпис на кој пишува: „Благодарност до љубовта на мојот живот во последниве 25 години и понатаму“.
Ѕвездата на „Мама Миа! Одиме повторно“ ја запознал поранешната ТВ новинарка во Кабо Сан Лукас, Мексико, во 1994 година. Таа работела таму како дописник, кога го запознала Броснан на забава. Седум години подоцна, поточно во 2001 година овие двајца ја крунисале нивната љубов со брак. Големата свадбена прослава се одржала во манастирот Балинтубер, којшто е стар 785 години. Низ годините, ова дуо успеа да ја одржи нивната љубов жива и страсна, преку некои невини јавни демонстрирања на нежности и квалитетно време поминато заедно.
„Јас и мојата сопруга бевме на кратко патување во Санта Барбара, каде што отидовме со цел да поминеме романтичен викенд заедно, да разгледуваме куќи и да пиеме прекрасно вино. За тоа време, воопшто не слушавме музика, туку ги слушавме нашите сопствените гласови, со чија помош ја баравме логиката на светот во целина“, изјавил Броснан.
Според Броснан, клучот на еден успешен брак е квалитетното време поминато заедно со љубената. Актерот, роден во Ирска, во едно интервју има изјавено дека неговата омилена работа во врска со неговата сопруга е нејзината страст:
„Таа поседува една силна енергија, без којашто не би можел да живеам. Кога Кили ќе ме погледне, јас едноставно, станувам немоќен.“
Парот заедно има два сина, Дилан (21 година) и Париз (17 години) и четворицата заедно, формираат едно прекрасно семејство.