Левиот бек на Магдебург и на македонската репрезентација Филип Кузмановски пред да замине во Германија, реши да стави крај на ергенскиот живот.
Тој вечерва во Битола ја запроси неговата девојка Моника, која е братучетка на неговиот соиграч од националниот тим, Дејан Манасков.
Возбудата и радоста кај Моника и кај Филип, може да ја погледнете во видеото подолу….
Игнова има 25 години, ги заврши додипломските студии на Правниот факултет во Скопје, а сега е на мастер студии на истиот факултет.
Црнокосата велешанка не пропушта ниту една можност да биде во друштво на саканиот, па редовно може да се види на трибините во салите низ Македонија, а одреден период беше присутна и на Мундијалот во Германија.
Филип Кузмановски е ракометар од кој се очекува во иднина да биде еден од лидерите на македонската репрезентација. Левиот бек сезонава настапуваше за битолски Еурофарм Работник, а од следната сезона ќе биде член на Магдебург во Бундес лигата.