Шеф Никола „рипна во тавче“: Честитки еден тон, а сопругата го додаде најубавиот „љубовен зачин“ (фото)

ИЗВОРСкопје24
|

Еден од нашите најдобри и најпопуларни шефови кој повеќето го препознаваат како домаќин во кулинарското шоу „Брза кујна“, Никола Мишковски, овицијално е женет човек.

Никола неодамна во една од емисиите изјави дека ќе се жени, а свадбата ја подготвува за 6-ти јули.

Пред веселбата, сега веќе сопружниците Никола и Стефанија го сменија својот љубовен статус во брачен.

На социјалната мрежа Фејсбук објавија заеднички фотографии, а невестата и идна мама која е во поодмината бременост го додеде најубавиот зачин на објавата –љубовниот!

-Мојата љубов,мојот свет, мојот маж, мојот сопруг, напиша Стефанија во објавата со која откри дека со Никола запловиле во брачните води.

Бебенцето доаѓа наскоро, па честитките до ова убаво семејство наскоро повторно ќе се редат до недоглед.

Извор: vistina.mk