Партнерот на Марјана Станојковска не се појавува со водителката на јавни места, а кога ја прашаа како оди љубовта – еве што одговори

|

Кога сте јавна линност ретко може да го сокриете приватниот живот од очите на јавноста, меѓутоа на македонската водителка Марјана Станојковска тоа одлично и оди.

Марјана одлично го крие својот љубовен живот, па многумина можеби се запрашале дали е сама или има партнер.

Иако на јавните случувања може да ја видиме сама односно без парнтер, водителката на „Лото“  неколку години  има машка поддршка.

Марјана е во повеќегодишна врска со  поранешниот македонски кошаркар Пеце Наумовски.

Тие се запознале на забава кај заеднички пријател и оттогаш започнале љубовна врска.

Марјана не сака премногу да зборува за својот приватен живот ниту да открива детали. Па така таа вешто ги избегнува прашањата за нејзиниот емотивен живот.

Maрјана неодамна беше дел од „Охридски трубадури“ каде што заедно со актерот Васил Зафирчев успеа да го задржи вниманието на публиката.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ.МАРЈАНАСТАНОЈКОВСКА

Како и секогаш, Марјана на овој настан се појави сама, а на прашањето дали се е уште во сериозна љубовна врска, Станојковска вели:

„Се е во најдобар ред би кажала и не би откривала нешто поконкретно, зошто не сакам да зборувам јавно на оваа тема“ вели Станојковска за „svet-australia“ и остана резеревирана за својот приватен живот.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/МАРЈАНАСТАНОЈКОВСКА

Дали девојката „Лото“ наскоро ќе се одлучи да стапи на лудиот камен и да заплива во брачните води останува да видиме.