Пред два дена одбележавме годишнина од стpашниот зeмјотpес кој го погоди Скопје и испрати зacтрашувачка слика во светот… Но, Скопје пред земјотресот, а секако и откако беше повторно изграден, бил град како и секој друг…
Младите се забавувале, флeртувале, се заљубувате… Симпатиите биле набљудувани на корзото, на култните места за овој град, кои за жaл повеќе ги нема… Но, затоа има видео снимка од едно флертување… Е, сега, не знаеме дали момчево било срaмежливо или му се допаѓала друга девојка, но госпоѓицата е упорна нешто да договори, што на крај завршува со насмевка и држење за рака… Претпоставуваме дека „паднал“ и договор за некој состанок…
Погледнете:
Копнеж и носталгија за духот на старо Скопје
Погледенете ја галеријата на фотографии од Скопје низ годините. На сликите е овековечен градот пред повеќе децении, а има и фотографии што датираат уште од 1903 година. Можете да ги видите: Машката гимназија, стариот Турски театар, Офицерскиот дом, плоштадот Македонија во 20-тите години на минатиот век, првата „Шел“ бензинска, култната кафеана „Кермес“, првата железничка станица и многу други објекти кои веќе ги нема. Дел од нив се урнале во земјотресот, а на дел од нив на нивно место никнаа барокните згради од милионскиот проект „Скопје 2014“.
Уживајте во фотогалеријата што кај постарите скопјани сигурно ќе предизвика копнеж и носталгија по Скопје што повеќе не постои.