|
Романската тенисерка Симона Халеп ќе се венча со македонски милијардер. Станува збор за Тони Јуруц (40) кој што во изминатите денови ја побарал за сопруга тенисерката.
Јуруц е Влав со потекло од Македонија. Тој е милијардер и сопственик на неколку компании.
Халеп и Јуруц се во врска една година. Свадбата веројатно ќе се случи во септември идната година.