ПЕПИ МАНАСКОВ ИМ ПЕЕШЕ НА ФИТИЉ И НА МОНИКА, ДАТУМОТ ЗА СВАДБАТА НЕ Е ОДРЕДЕН (ФОТО)

|

Филип Кузмановски и официјално „рипна во тавче“. Откако пред да замине во Германија ја запроси својата девојка Моника, македонскиот репрезентативец и неговата поубава половина во Битола направија веридба.

На овој прекрасен момент беа присутни бројни познати ракометни имиња. Меѓу нив беше и Пепи Манасков, како и неговиот син и репрезентативец, Дејан. Легендарниот ракометар дури и запеа на веридбата на неговата внука Моника.

Кузмановски имаше поддршка од своите екс-соиграчи Горан Кузманоски, тука беше и Гоце Ојлески, како и Деки Манасков.

Датумот на свадбата младите се уште го одредиле, најверојатно ќе биде по завршување на сезоната.

СПОРТМЕДИА им посакува среќа на Филип и неговата поубава половина Моника.