Хит модно парче кај познатите: Лоба и Тијана се во чекор со трендот и се облекоа исто (фото)

|

Во месец февруари 2019 година почина легендарниот моден дизајнер Карл Лагерфелд, но и по неговата смрт, ликот и делото на легендата се присутни во модната индустрија.

Оние кои ги следат тековните тенденции, добро знаат дека по неговата смрт, парчињата облека со симболи од неговиот лик и мачката Шупет, станаа ултра популарни.

ФОТО:ИНСТАГРАМ/ПРИНТСКРИН

Нашите познати пејачки Тијана Дапчевиќ и Викторија Лоба се облекоа со ист модел на спортска блузичка со ликот на Крал, додека моданта блогерка Љупка Митрова се подновови со неколку вакви парчиња облека и додатоци.

ФОТО:ЉУПКА МИТРОВА/ИНСТАГРАМ

Едноставната, но ефектна црна блуза Лоба и Тијана ја комбинираа на различен начин, и секоја ја носи со својот стилски печат и индивидуализам.

ФОТО:ВИКТОРИЈА ЛОБА/ИНСТАГРАМ

ФОТО:ТИЈАНА ДАПЧЕВИЌ/ИНСТАГРАМ

Доколку сакате да се подновите и да бидете во чекор со трендот, тогаш ова е „маст хев“ парче кое треба да го имате во вашиот плакар.