заедно со својот пријател уловил риба, позната како “морски волк“, опасен примерок која со своите остри заби може да повреди човек.
„Ја извлече мрежата со рибата и ја фрли на дното од чамецот. Кога посегна да ја дофати другата, таа која беше во мрежата го касна за задникот. Само го слушнав како вреска, рибата падна назад на дното од чамецот“ – раскажал неговиот пријател и додал дека Владимир имал многу среќа затоа што опасната риба не го гризнала со целата нејзина сила која ја поседува.
Инаку, оваа риба е позната како многу опасна и за неа важи изреката дека никој не смее “да ѝ стави прст во уста“, а риболовците најчесто користат клешти за да ѝ ја отстранат јадицата од уста или пак за да ја извадат од рибарската мрежа.
Погледнете го видеото тука