|
ЈуТјуб одлучи на корисниците дополнително да им ја олесни контролата над апликацијата, без оглед каков уред користат.
Новините се воведени во апликацијата за мобилен телефон, а сега корисниците ќе можат со глас да го пребаруваат она шти интересира на ЈуТјуб, дури и кога мобилниот телефон е поврзан со телевизор.
Од компанијата соопштија дека овозможено е гледање на видеа во HD резолуција која се пренесува од Playstation 4 или Playstation 4 Pro уред.
Германските медиуми пренесуваат дека некои Андроид корисници забележале дека по ажурирањето нивната ЈуТјуб апликација функционира како далечински управувач кога сликата од мобилниот телефон ја пуштаат на ТВ.