|
Завчера се случи немил настан во Грција, откако три момчиња од Македонија исчезнаа на Халкидики, по што две беа пронајдени, а денеска доаѓа нова лоша вест.
На социјалните мрежи се појави статус дека исчезна момче на плажата Милос на Лефкада, а засега не е познат неговиот идентитет.
„Во водата исчезна момче на 25-годишна возраст. Брановите не беа големи, но тоа исчезна. Како да го проголта морето. Во акција беа полицијата и нуркачката служба, но не го пронајдоа“, пишува на статусот на групата „Грчка инфо“.
Инаку, како што известуваат тамошните власти потрагата по третото исчезнато момче од Македонија и понатаму продолжува.