Конечно се огласија родителите на монструмот Коста: Изразија сочувство и објаснија како живеат по масакрот

|

Мајката и таткото на Коста Кецмановиќ, момчето кое застрела девет ученици и чуварот на училиштето, првпат проговорија по монструозниот чин на нивното дете.

Владимир и Миљана Кецмановиќ во својата порака која ја пренесе српски Телегра посочуваат:

-На тој 3-ти мај завладеа вечна тишина во која секојдневно плачеме, неми од неизлечива болка и тага, за секое невино дете што загина и за Драган, кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и искрено жалиме и упатуваме сочувство до секое семејство за нивната загуба, што е и наша загуба. Засекогаш во тага, семејството Кецмановиќ.

Тринаесетгодишниот Коста е осомничен дека убил 9 ученици и чуварот, а потоа повредил уште шестмина, меѓу кои и наставничката во ОУ „Владислав Рибникар“.