Боб Дилан ја продаде целата колекција на песни за 9 цифрена сума

ИЗВОРНов Лист
|

Боб Дилан, чии песни станаа симбол на антивоените протести и движењето за човекови права од 60-те години на минатиот век, го продаде сиот свој каталог на песни на компанијата „Universal Music Group“.

Како што синоќа соопшти компанијата, со договорот таа ги откупи правата на повеќе од 600 песни на Дилан, од културниот темелник „Blowin’ in the Wind“ од 1962 година, до овогодишниот еп „Murder Most Foul“.

Според овој договор, компанијата нема право да ја открива сумата што му е исплатена на Дилан, но извор запознат со договорот открива дека се работи за „девет цифрена бројка во вредност од повеќе од 200 милиони американски долари“, јави Ен-би-си.

Дилан е еден од најпознатите и најценети текстописци на сите времиња, добитник на наградата Пулицер во 2008 година и Нобелова награда за литература во 2016 година.

Негов портпарол синоќа изјави дека музичарот нема да коментира и да дава изјави за договорот. Исплатата за првото музичко издание на Дилан во 1962 година вредела само 100 долари.