По успешната деловна недела, богатството на Илон Маск, се зголеми за 15 милијарди долари и сега изнесува 90 милијарди долари.
Маск објави дека компанијата Тесла успеала да се пробие на најважниот индекс на берзата во Њујорк, С&П500, веднаш откако неговата вселенска компанија Space X испрати четири астронаути во вселената.
Инаку, Маск се проби на третото место на листата на најбогати луѓе на планетата позади Бил Гејтс и Џеф Безос.