Честитки: Се ожени голманот Игор Алексовски!

|

Познатиот македонски голман Игор Алексовски се ожени со неговата девојка Тијана Николовска со која беше во врска седум години.

Тијана и Игор се венчале во црквата „Св. Петар и Павле“, а свадбата се одржала во еден скопски ресторан.

Игор до неодамна беше еден од голманите на македонската фудбалска репрезентација до 21 година на Европското првенство што се одржа во Полска во 2017 година.

Кариерата ја почна во „Македонија Ѓорче Петров“ во 2012 година, а од 2016 до 2018 бранеше за „Вардар“. Лани Игор потпиша договор за „Шкупи“.