Иако многу не знаат секој цвет подарен на некого си има свое значење и порака. Затоа кога поклонувате цвет на саканата личност обавезно обрнете внимание на тоа каква симболика има за личноста која го добива цветот да не се навреди и да стекне погрешно мислење.
За почеток значењето на цветот можете да го познаете по бојата. На пример сината боја значи верност, портокалова гордост и енергија, виолетова представува нежност додека белата е симбол на невиност. Црвената значи љубов и лепота, зелената разбирање, а жолтата љубомора.
Нарцис – Овој цвет означува самосакање, но и е симбол на нов почеток. Бидете внимателни на кого му го поклонувате овој цвет бидејќи тој може да означува и презир.
Ирис – Симоболот на достоинството, славата и храброста. Жолтиот ирис означува страст, додека плавиот значи среќа.
Зумбули – Знак на верност и непоколебливост.
Божур – Симболот на честа и на богатството, како и среќен брак и напредок.
Јасмин – Жолтиот јасмин означува елеганција, а другите лојалност.
Магнолија – Значи достоинство и отменост. Ако се во бела боја тогаш значат невиност, ако е розева значи срамежливост и најчесто се поклонуваат на девојките. Но внимавајте ако подарите некому магнолија која е прерано процветана тоа е знак дека поради нешто сте нестрпливи и вознемирени. По стари верувања магнолијата значи неверност од страна на мажите кои ја поклонуваат.
Циклама – Представува искреност и за неа се врзува моќта на смирувањето со личноста на која се поклонува. Може да значи и срамежливост.
Ружа – Цветот кој најчесто се поклонува, а во зависност од бојата има многу значења. Доколку се црвени значат страст и љубов, но може да значат и благодарност и задоволство. Белите значат искреност и безгрешност. Жолтите можат да бидат знак на радост, но и на неверство и љубомора. Ружите без трн можат да значат љубов на прв поглед.
Лилјан – Означува безкрајна убавина, среќа, спас. Белиот лилјан означува невиност и чистота, жолт за невистина, виолетов за ваќање на среќата.
Бамбус – Симбол на верност и чување на брачната заедница.
Орхидеја – Значи желба за успех. Симбол е за љубов, убавина, романса и желба за интима. Представува и желба за успех во кариера.
Лале – Симбол за гордост и слава. Црвени лале значи дека се врзувате за љубов, а жолтите за безнадежна љубов. Белите значат збогување.
Мимоза – Симбол за сигурност, раскош и моќ. Мимозата исто така е и симбол за љубезност.
Сончоглед – Овој цвет е симбол за сила, гордост, обожување. Доколку и го поклонувате на саканата личност значи дека сте подготвени целосно да и се посветите.
Љубичица – Симбол на вернос и љубов. Белите љубичици значат скромност.
Цвеќе кое нема пријатно значење е бегонија која значи дека имате црни мисли, лаванда кое представува неверување.