Елена Ристеска не остана имуна на гласините за новото момче – ова е нејзината реакција

|

По објавата на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ дека поп-пејачката Елена Ристеска има ново момче кое е сопственик на еден ланџ бар во Скопје, веста експресно се рашири и во останатите домашни медиуми.

Но, информацијата дека во љубовниот живот на Еленче се случиле промени, беше само како шпекулација која пејачката реши да одмрси.

Имено, таа за „Женски магазин“ потврди дека дека е во тазе врска со скопјанецот Филип Арсовски, но дека нема да открива детали бидејќи се уште било рано да раскажува повеќе.

Инаку, Елена Ристеска се разведе пред речиси четири години, а оттогаш ова е прво момче за кое јавно признава дека е во врска.