Џорџ и Амал Клуни се во брак осум години – а сега ја открија тајната на среќниот брак

ИЗВОРНов Лист
|

Актерот Џорџ Клуни се ожени со адвокатката Амал пред осум години, а во интервју за Си-Би-Ес парот ја откри тајната на среќниот брак, што е прилично едноставно. Имено, тие никогаш не се караат.


“Сè започнува со љубов. Тоа е целата тајна. Беше едноставно. Тоа е најлесната работа што некогаш сме ја направиле во животот. Никогаш не сме се карале”, објаснил Клуни.

Амал додала дека фактот што никогаш не се караат е „целосно лудило за некои нивни пријатели“ и дека 99% од среќата е само средба со вистинската личност. „Двајцата се трудиме да не бидеме цинични, само да бидеме отворени, ме изненади што воопшто не беше цинична или воздржана и потоа работите брзо се развија“.

Клуни се согласил дека нивната врска се развива брзо, додавајќи колку е лесна: „Во секундата кога влезе во собата, таа целосно ме шармираше“.

“И најсмешното од се е што не знаев дали ќе и се допаднам. Таа е неверојатно смешна, паметна, прекрасна, одлична жена која целосно ме шармираше и почнав да и пишувам писма”, признал Клуни.

Амал се чувствуваше исто: “Кога го запознав, помислив колку ми е мило што некој како него постои на светот. Не можев ни да замислам дека ќе го поминам остатокот од мојот живот со него или дека ќе имаме прекрасно семејство. Сето тоа навистина ме изненади“, рече Амал.