Милојко Божиќ (74) и Милјана Богдановиќ (21) овие неколку дена се најпознатиот пар во Србија. Разликата од 5 децении нималку не им пречи во нивната љубов, за која со гордост зборуваат и наскоро ќе ја крунисаат со брак.
Заљубените овие денови шетаат и бараат венчаница, а се случува многу често да кажуваат коментари за нив на глас, но они не обрнуваат внимание за лошите коментари.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=985043168372262&set=a.587825714760678&type=3&theater
Кога се родила Милјана, Милојко веќе бил пензионер. Он целиот живот работел во Белград, но по пензионирањето се вратил во роденото село, каде што сосема неочекувано му се случила големата љубов со Милјана.
Gepostet von Milijana Božić am Donnerstag, 7. März 2019
– Свабдата е закажана за 7. септември и ние едвај чекаме нашата љубов да ја крунисаме со брак. Прво ме привлече неговиот физички изглед. Не сакам помлади момци, секогаш сум сакала постари. За своите години, он изгледа одлично. Не ме интересира кој што мисли и зборува. Милојко го знам целиот живот, комшии сме, доаѓав кај него кога беше болен, всушност така се роди и нашата љубов, раскажува Милјана.
– Го познавам одамна. Со моите 17 или 18 години го остваривме првиот близок контакт и почнавме да се дружиме. Малку се заљубив па потоа и он. Бевме во врска околу една година. Кога излегуваме да шетаме заедно сите не гледаат чудно и коментираат на глас. Приказната дека сме во врска одекна како атомска бомба. Потоа прекинавме не знам зошто. Не сакав да му се јавам, а ни он. После се случи да оди на операција на срце, требаше да му вградат бајпас. Во тие моменти немаше никој до него за да му помогне. Му се понудив без никакви обврски да му ја средам куќата, да му направам ручек, но не можев да ја издржам неговата близина и се роди голема љубов, објаснува Милјана.
– Многу мислат дека со него сум поради лични интереси. Неговите вкупни примања се околу 50.000 динари. Ние двајца живееме во нашата дрвена палата, на пролет ќе почнеме да ја реновираме куќата која Микан одамна ја изгради, но е сосема нормална нема никаков луксуз, и додава дека најважно е што нејзиното семејство го прифатило нејзиниот избор, и дека селските муабети воопшто не ја интересираат.