Ирак и Саудиска Арабија ја отворија границата после 30 години

ИЗВОРНов Лист
|

Според изјавата од граничната комисија од Багдад, Ирак и Саудиска Арабија ја отвориле границата во пустината Арар, што претставува добар знак за поблиски трговски врски за двете држави.

После 30 години граничниот премин Арар ќе биде отворен, откако Високорангирани функционери, заедно и со министерот за внатрешни работи и шефот на граничната комисија отпатуваа од Багдад до официјално отворениот пункт.

Причината заради која овој граничен премин беше затворен во 1990 година е инвазијата на Кувајт од страна на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин.