Јупитер и Сатурн во положба која нема да се повтори до 2080-та година

ИЗВОРНов Лист
|

После речиси 800 години, ќе се појави феномем кој нема да биде видлив повторно се до 2080 година. Кога Сонцето ќе зајде на 21-ви декември, на денот на зимската краткоденица, луѓето кои ќе погледнат во небото ќе имаат можност да ги видат Јупитер и Сатурн поблиску еден до друг, отколку што било кој жив денес може да ги види.

Според изјавата на Патрик Хартиган од Универзитетот Рајс, pорамнувањето на движењето на овие две планети многу ретко се случува, а планетите ќе изгледаат многу блиску една до друга. Таква сцена последен пат била видлива од Земјата на ноќното небо на 4-ти март, 1226-та година.

Кога ќе биде достигнат врвот, помеѓу 16-ти декември и Божиќ по грегоријански календар, оддалеченоста помеѓу нив ќе биде една петтина од ширината на полната Месечина.

Професорот Хартиган изјавил дека во текот на вечерта на 21-ви декември тие ќе изгледаат како една двојна планета, одделена една од друга само за една петтина од дијаметарот на полната Месечина.

Следен пат кога планетите ќе бидат во оваа положба е 2080 година, а после тоа нема да се повтори овој феномем до 2400 година.