Љубовта ги руши границите, бариерите, предрасудите, гордоста… пишува Елизабет Хргиќ на нејзиниот Фејсбук профил под една од свадбените фотографии, која стана вирален хит.
Елизабет Хргиќ и Инаса Дагоја, кои оваа година стапија во брак во Травник докажаа дека љубовта е најголемата сила во универзумот.
Инаку, фотографијата која собра огромен број лајкови, е направена пред училишната зграда во Травник кај католичкиот училишен центар „Петар Барбариќ” во кој одела Елизабет и мешаното училиште „Травник” во кое одел Инас.
Двете институции се поделени со жица, а Елизабет под фотографијата објави емотивен текст.
-Радувај се на секој нов ден и учете ги децата дека сите се исти, дека не е важно дали сме црни или бели, дали се крстиме или се клањаме. Учете ги децата да бидат добри луѓе, кои нема да веруваат дека оградата е заштита, и дека и од другата страна растат добри, талентирани, духовити и деца полни со љубов. Нека вашата смисла на животот биде љубов, пишува меѓудругото Елизабет.
Nas dvoje. Svatko ispred svoje škole koju smo pohađali. U jednom dvorištu, podijeljenom na dva svijeta. U jednom…
Gepostet von Elisabeth Ella Hrgić Dagoja am Samstag, 29. Juni 2019