Сања вели дека песната на „Нови фосили“, „Још те волим“ и е многу мила бидејќи ја потсетува на него.
– Тогаш имав 22 години, – раскажува Сања Долежал (56) за едногодишната страсна љубов со кошаркарот Дражен Петровиќ.
Ги запознал музичкиот менаџер Зоран Шкугор. Со Дражен тогаш биле мајка му Бисерка и татко му Јован. Тоа требало да биде добра маркетиншка приказна. Сања по упатите на Шкугор почнала да оди на натпреварите на Дражен, а тој на нејзините концерти, па пријателството меѓу нив прераснало во љубов.
„На еден од натпреварите на Цибона фоторепортерите ја снимаа само неа како навива за Дражен. Сите се прашуваа дали Сања и Дражен се заедно, а бидејќи двајцата си се допаднаа еден на друг, започнаа врска која траеше скоро една година. Не се криеја од јавноста. Кога беа слободни шетаа за рака на Штросмаеровото шеталиште или прегрнати на плоштадот. Луѓе им приоѓаа и им велеа дека се прекрасен пар, им посакуваа брак, деца, среќа…“, раскажува Шкугор.
„Дражен беше маѓепсан од Сања. Баш како и таа од него. Двајцата беа млади, популарни и слободни. Таа година тие двајца живееја еден за друг. Сања тогаш многумина ја запросуваа, но велеше, тоа не се вистинските момчиња. Со товарот на славата двајцата знаеја да се справат. Одлично се разбираа, а за љубомора немаше место. Но одвоеноста го направи своето. Дражен играше низ светот, а Сања имаше и по 200 концерти годишно. Емоциите полека згаснаа, а по една година ја прекинаа врската. Тоа беше во 1986 година“, се присеќава Шкугор.
„И понатаму останаа блиски. Секогаш кога имаа слободно време се наоѓаа на ручек како пријатели. Останаа во добри односи и многу се почитуваа“, додава тој.Прочитајте и… 20 работи кои привлекуваат СРЕЌА и 10 работи кои привлекуваат НЕСРЕЌА во домот (ФОТО)
Дражен загина во сообраќајна несреќа кога имаше само 28 години.
„Беше навистина посебен. Страшно го доживеав неговото заминување. Се сеќавам на нашата последна средба на еден концерт“, се сеќава Сања.
Сања сè уште контактира со мајка му на Дражен, а вели дека песната на „Нови фосили“, „Још те волим“ и е многу мила бидејќи ја потсетува на него.