Кога го истражувате Перу и тоа што би можеле да го видите во оваа далечна земја, бидејќи ретки имаат можност да ја посетат неколку пати, една од занимливостите на кои можете да наидете е Палкелја Пукамајо, попозната како Црвена река.
Оваа необична река се наоѓа во областа Куско, а може да се види само во дождовниот период, кога надојдената вода течејќи надолу го полни речното корито. Бидејќи областа е полна со оксид железо, водата делува црвена или розова, во зависност од делот на текот и количината на железо во водата.
Текот на оваа “сезонска” река е долг околу пет километри, кога се меша со останатите рекички и ја губи необичната и препознатлива боја.
Доколку некој сака да го посети Перу во период во кој може да ја види Црвената река, треба да биде подготвен на лизгави патишта, обилни дождови и на тоа дека голем број на други знаменитости нема да бидат достапни за туристите баш поради временските услови.