„Македонисимо“ наше, а светско!

|

Престижната британска продукциска куќа „Лин рекордс“ објави дека Албумот „Македонисимо“, со изведби на пијанистот Симон Трпчески, ќе биде објавен на 28 август.


Во најавата е вклучена и нумерата „Не си го продавај, Кољо, чифликот“ (Омаж за Брамс). Според нашиот виртуоз Трпчески, албумот е фузија на фолк и класична музика, што ја произведуваат неверојатните ритми и мелодии на неговата земја – Македонија.

Останатите уметници кои се вклучени во овој проект се и композиторот Панде Шахов, изведувачите Александар Краповски на виолина, Бугаринот Александар Сомов на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и на кавал, а удирачките инструменти се во изведба на Влатко Нушев.

На Фестивалот во Лудвигсбург, Германија, во мај 2017 година беше премиерата на проектот.
Оваа убава вест ја сподели и агенцијата „КД Шмид“ од Германија која е горда на новиот креативен подвиг на нашите момци.