Вчеравечер во хотелот Хилтон во Истанбул,Турција се одржа изборот Мис Евроазија 2020. На изборот победи убавицата од Израел, додека титулата Прва придружничка ја освои девојката од Сибир, а Втора придружничка е девојката од Русија.
Нашата држава ја претставуваа две девојки од Модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен избор за убавина.
Кристина Поптрпева и Елена Петреска успешно ја претставија нашата земја и се вратија со круни и дури три титули.
Кристина Поптрпева освои две титули: Мис Талент и „Miss Catwalk“. Наградите ги освои со својот талент за пеење и затоа што имала најдобро двиење на модната писта.
Елена Петреска пак се закити со титулата Мис Туризам Евроазија 2020.
Фустаните во кои се претставија нашите девојки, специјално за оваа прилика, ги изработи дизајнерката Лумние Локи.