|
Манекенката и поранешна водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, Симона Станковска, стана мајка.
Убавата Станковска денес се породи и на свет донесе син.
Името на наследникот се уште не е познато, а Симона се породила во Србија каде живее откако летово се омажи за својот избраник кој инаку по професија е спортист.
Парот направи мала свадбена веселба, а Симона на свадбата беше со трудничко стомаче.