На момчето му подарила ДНК тест за Божиќ па така ја открила најмрачната семејна тајна

|

Со желба на своето долгогодишно момче да му купи совршен подарок за Божиќ, една девојка многу зажалила. Одлучила да му подари ДНК тест, а потоа на површина испливале мрачни семејни тајни.

Анонимната девојка приказната ја споделила на „Reddit“, а ние ви ја пренесуваме во целост:

„На моето момче за божиќен подарок му купив ДНК тест. Неговата мајка тоа го дозна и ме замоли сепак да не му го давам затоа што тој и неговиот брат се зачнати со донирана сперма поради тоа што нејзиниот поранешен сопруг не можел да има деца, а тие тоа не го знаат. Двајцата се возрасни мажи, а мене не ми е пријатно да го знам тоа, а моето момче да не знае ништо. Дали сум ‘безобразна’ доколку го направам тоа?“ – напишала девојката.

Што се однесува до коментарите многумина сметаат дека тоа сепак не е нејзин проблем и дека е потребно нивната мајка сама да им го соопшти тоа.

„Сакаш ли ваква голема вест да соопштиш пред празниците? Јас сигурно не би го направила тоа“ – еден од коментарите.