Новата апликација на Стоби за виртуелно посетување на локалитетот

ИЗВОРНов Лист
|

Ново создадената апликација „Стоби Еду“, е нов начин на кој децата ќе можат да го разгледаат културното наследство на археолошкиот локалитет Стоби.

Aпликацијата ќе овозможи потполно нов начин да се искуси римскиот театар на Стоби, преку користење на мобилен телефон. Достапноста на новите технологии дава можност апликацијата „Стоби Еду“ да се користи и во рамките на самиот образовен процес. Апликацијата може да ја збогати наставната содржина во повеќе предмети во основното и средното образование преку интерактивно визуелно доживување на културното наследство, велат од Центарот за социјални иновации Блинк 42-21.

Националниот Институт Стоби, во соработка со Центарот за социјални иновации Блинк 42-21, реализиран со поддршка на Министерството за Култура на Република Северна Македонија, ја направија апликацијата „Стоби Еду“.

Од Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 велат: Самата апликација претставува продолжеток на заложбите да се внесат иновативни дигитални алатки кои ќе овозможат интерактивни и визуелни раскажувања на приказните од минатото. Користењето на новите технологии, како виртуелната реалност, овозможуваат еден сосема нов, уникатен начин за доживување на културното – историското наследство.