Една девојка од Њујорк објавила видео на својот Твитер профил со веројатно најслатката сцена некогаш.
“Заљубена сум, ова е драгоцено”, е нејзината реакција на краткиот видео исечок кој ѝ го испратил нејзиниот брат, а од него се гледа како нивниот татко го чисти снегот пред нивната мајка.
Снегот веројатно ги дочекал неспремни, па затоа мајката носела високи потпетици. Во таквата ситуација, таткото се покажал како вистински џентлмен и го чистел снегот пред нејзиниот пат за таа полесно да помине.
https://twitter.com/_Christar_/status/1112219692188479488?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1112219692188479488&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F303547%2Fobjavila-video-koe-ja-vraka-verbata-vo-ljubovta-vaka-tato-ja-saka-mama
Иако некои коментирале дека жената го натерала да го чисти снегот, братот кој го снимил видеото тврди дека станува збор за спонтан гест. Видеото од објавување е прегледано речиси 10 милиони пати и има околу 800 илјади лајкови.
Продал сè што имал за да купи велосипед и поминал 10.000 километри за повторно да се сретне со љубовта на неговиот живот
Дека животот пишува романи ни покажа и Индиецот Прадиумна Кумар Маханадина. Неговата љубов не знае за граници, како просторни, така и за границите на физичкиот напор. Сликарот од Индија со велосипед поминал 10.000 километри за да ја запроси својата музичарка Шарлот Вон Шедвин од Шведска. Тие денес се заедно повеќе од 40 години, а сè започнало сосема неочекувано.
Кумар е роден во 1949 година во мало индиско село, а 24 години подоцна се префрлил во Њу Делхи за да студира уметност и заработувал пари за живот како уличен сликар. На една улица му пришла млада русокоса Швеѓанка и го замоли да ѝ нацрта портрет. Таа Швеѓанка се викала Шарлот и во тоа време студирала во Лондон.
“Кога се појави пред мене, чувствував како да лебдам. Тешко е да се опише со зборови тоа чувство. Очите ѝ беа толку сини, големи и кружни. Ми се чинеше дека не гледа во мене туку во мојата внатрешност, како рендген”, вели Кумар.
“Шарлот се враќаше три пати и ѝ насликав три портрети. Откако дојде вториот пат, почувствував дека тоа е таа, таа жена. Открив дека е жената на мојот живот. Ѝ реков на лош англиски: “Ти ќе бидеш моја сопруга, судено беше да се сретнеме, така е запишано на небото”, вели тој.
Шарлот тогаш имала само 19 години, но не се исплашила од зборовите на сликарот па одлучила да му даде шанса. Заедно поминале две, три недели пред да се врати таа во Шведска. Љубовната приказна тогаш можела да се заврши, но за среќа не завршила.
Младиот сликар одлучи да се бори за својата љубов. За почеток, редовно се допишувале, а после една година Кумар одлучи да продаде сè што има, да купи велосипед со кој ќе тргне на пат од речиси 10.000 километри за повторно да се сретне со Шарлот.
Неговото патување траело речиси пет месеци. Тргнал од Њу Делхи, низ Пакистан, Авганистан, Иран за да пристигне до Турција и остатокот од Европа. Понекогаш правел автостоп или се качувал на воз. Спиел во вреќа за спиење под ведро небо. Сликал по пат и сликите ги менувал за храна.
“Запознав многу пријатели, кои ме хранеа, ми даваа совети, ми го покажуваа патот по кој одам, не бев сам. Ниту еднаш на тој пат не сретнав човек кој не ми се допадна. Беше тоа различно време, различен свет полн со љубов, мир и слобода”.
“Секогаш постои начин да се оствари нешто, доколку постои волја. Сè е можно. Сè зависи од тоа како размислувате. Стравот и сомнежот се двата најголеми непријатели кои Ви го прават животот тежок”, додава Кумар.
На крајот конечно пристигнал до Шведска, а Шарлот живеела во Гетеборг. Ги запознал нејзините родители, а потоа и ја запроси. Таа ја прифати неговата понуда, а сега се во брак 40 години. Моментално живеат во Шведска, имаат две деца, а љубовта е посилна од кога и да било. Тој денес е познат уметник, а работи и како советник во Центарот за култура и уметност.