Овие едноставни потези ќе ја зајакнат секоја врска

|

На секој љубовен пар му е потребно мало поттикнување за подобро и поквалитетно да ја одржува врската.

Трудот околу вашата врска не би требало да ви претставува напор, особено кога станува збор за потези во кои и вие самите ќе уживате.

Како што пишува „Your Tango“, овие едноставни потези ќе ја зајакнат секоја љубовна врска.

Бидете си еден на друг најдобри пријатели

Едно американско истражување покажало дека дури 92 отсто од паровите кои се сметале за среќни, како најголема предност во врската го навеле тоа што еден на друг си биле најдобри пријатели. Дополнителното отворање и доверување на партнерот ќе ве зближи уште повеќе.

Одредете го совршениот баланс на врската

Иако веројатно партнерот ви е омилена личност, своето време секако треба да го поминете и со други луѓе. Затоа, идеално би било кога би создале баланс и во своето слободно време би вклучиле и посебно дружење со пријателите и семејството.

Не заборавајте ја моќта на хуморот

И кога имате тешки моменти и не ви е до смеење, но нешто духовито (нормално, прикладно и примерно) ви падне на памет – кажете го тоа. Голема е веројатноста дека малку ќе се опуштите, а ќе го опуштите и вашиот партнер и ќе му докажете дека постои светлина и во најтемните ситуации.