Овој насмеан дебелко е полковник во руската војска и најобучен војник на планетава: Неговата вештина остава без здив

Михаил живее во Москва, има чин на полковник и бил помошник на главниот обвинител на Руската федерација.

ИЗВОРСител
|

Рускиот систем, односно система, како што го нарекуваат Русите, иако е стара вештина, добро е решение за предизвиците кои ги наметнува модерниот начин на живот. Со своите специфичности донесува низа предности во однос на повеќето боречки вештини, зошто меѓу другото, нуди специјализирани вежби на сила комбинирани со движења и дишење со различна брзина.

Самите вежби се дизајнирани да ја корегираат положбата на телото и да развијат голема издржливост, а освен тоа служат и да се откријат и отстранат негативните емоции.

Во рускиот систем нема удари, шутирања или фрлања кои трајно ги оштетуваат зглобовите (на оној кој ги изведува). Суштинската разлика во однос на останатите слични активности е методолошка – системата тргнува од мирот, а не од агресијата и желбата да се уништи противникот. Се вежба како ударите да се апсорбираат, пренасочат и избегнат, но не и да се блокира на крут начин.
Таа борбена техника тежнее да го научи човекот низа основни идеи и принципи кои ќе му овозможат да импровизира и да најде спонтани решенија во борбите.

Система има уште уникатни пракси, како масажи, техника на релаксација, дозирани притисоци на внатрешните органи (утробата) кои посетителите на курсот ги учат под надзор на инструктор и учат како да ги применат врз своите партнери и врз себе.
Иако во најголема мера ја тренираат мажи, таа боречка вештина може да ја тренираат и деца, според модификувана програма, но и припаднички на нежниот пол.

Кој е полковник Михаил Рјабко?

Тој е полковник на Единицата за специјални операции на руската војска, директор и главен инструктор на Система штабот во Москва.

Почнал со тренинзи од својата петта година, а од својата петнаесетта почнал да се занимава со боречки вештини.

Она што е интересно е дека прв учител му бил еден од личните телохранители на некогашниот водач на СССР Јосиф Сталин.

Работел во Министерството за внатрешни работи на Руската федерација тренирајќи го личното обезбедување на министрите. Бил и командант на тактичката единица за спасување на заложници, противтерористички операции, и неутрализација на вооружени терористи. Михаил живее во Москва, има чин на полковник и бил помошник на главниот обвинител на Руската федерација.