Посилна од кога било – Хана Хуљиќ го остави Петaр Грашo сам

ИЗВОРНов Лист
|

Сопругата на музичарот Петар Грашo се породи на 17 јули и на свет донесе преслатко девојче Алба, а изгледот на Хана Хуљиќ само два месеци по породувањето е фасцинантен. Имено, Хана за прв пат во јавноста откако настапи во најубавата женска улога, пред неколку дена присуствуваше на церемонијата на доделување на европските награди за филмска музика „Camille Awards“, која се одржа во Сплит.

Пејачката на настанот дојде со членовите на семејството – мајката Вјекослав, таткото Тончи и братот Иван, а бидејќи Хуљиќ ретко се појавува заедно со нив во јавноста, многумина беа изненадени.

Целото внимание, слободно можеме да кажеме, го украде сопругата на Петар Грашо, која блесна во портокалова модна комбинација, а изгледот на Хана Хуљиќ остави многумина без здив бидејќи линијата ја доведе до совршенство. Фустанот кој го избра одлично и прилегаше, а сите погледи беа вперени во убавата сплиќанка, додека нејзините препознатливи локни и многу дискретната шминка ја истакнаа нејзината природна убавина.

Ништо помалку елегантна не беше ниту мајката на Хана, која важи за жена со одличен вкус за мода, а за оваа прилика облече тесен црн фустан, кој го искомбинира со писмо чанта и бисерен накит, додека машкиот дел од семејството го спои совршено со дамите во елегантни одела од потемни нијанси.