Првото дете го добила на 14 години, а сега го очекува 22-то

ИЗВОРновлист
|

Семејството Редфорд е познато насекаде низ светот со оглед на фактот колку членови има. 44-годишната Сју и 48-годишниот Ноел имаат 21 дете, а пред неколку месеци објавија дека го чекаат и 22-то.

Сју неодамна преку Јутјуб проговорила за последната бременост. Преку видеа објаснила дека има компликации со плацентата.

„Јас сум сега 27ма недела, така уште уште само 12 недели и таа ќе биде овде. Неверојатно ми е колку времето ми поминува, како да лета“, рекла Сју.

Најстариот син на Сју сега има 30 години, а најмладата ќерка Бони Реј е родена во ноември 2019 година. Само две од сите 21 дете не живеат со родителите. Сју и Ноел се веќе баба и дедо, нивната 25-годишна ќерка Софи веќе има 3 деца.

Сју и Ноел се запознале кога таа имала само 7 години, а првото дете на свет го донела кога имала само 14 години.