Розовиот дијамант од 14,83 карати пронајден во Сибир беше продаден на аукција за околу 22 милиони евра во средата во Швајцарија. Интернет аукцијата на реткиот скапоцен камен траела само неколку минути. Сепак, идентитетот на купувачот остана анонимен.Дијамантот го носи името „Дух на розата“.
Скапоцениот камен продаден во средата бил полиран од дијамант пронајден во Сибир во 2017 година, кој се смета за најголем розов дијамант досега. Mелењето траело околу една година во целост. Инаку, розовите дијаманти се екстремно ретки и се најскапите од дијамантите на аукција во последните неколку години.