|
Најпопуларната плус сајз манекенка, Ешли Грејам (32) во август на Инстаграм објави дека со нејзиниот сопруг го очекуваат првото дете.
Оттогаш редовно објавува фотографии од промената на телото.
„Се здебелив 22 килограми. И, што е најдобро, не ми е грижа. Никогаш не сум се чувствувала подобро и толку сум благодарна што телото и син ми ми овозможија да бидам подвижна и флексибилна, како што бев и претходно“, напишала таа во објава на Инстаграм.
„Покрај вежбањето јога, акупунктурата и лимфните масажи, конечно се чувствувам како да ја сфатив целата бременост и многу ми е убаво“, додала таа.
Нејзините објави поттикнале многу мајки да зборуваат за своите вишок килограми за време на бременоста.