Таа се разведе, а тој до неодамна беше со друга: Стефан од „Некст тајм“ има нова девојка – наша позната манекенка

|

Пејачот на братското дуо „Некст тајм“, Стефан Филиповски има нова љубов.

Според естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, пејачот расчистил со поранешната девојка со која беше во врска неколку години, Пенелопа Стаматоска, но неговото срце е повторно освоено и тоа од нашата позната макененка Маја Ристеска.

Тие се уште не се огласиле со потврда или демант, но според извор близок на двојката, „Бекстејџ“ открива дека Маја и Стефан веќе извесен период се заедно, а таа неодамна се појави и на промоцијата на новата песна на „Некст тајм“, „Јовка Кумановка“.

Дека навистина има нешто помеѓу пејачот и манекенката потврдува и нивната заедничка фотографија која Стефан ја објави на својот профил на Инстаграм.

Инаку, Маја е една од нашите најуспешни и најбарани манекенки во земјава, можеме да ја видиме на многу ревии на домашните дизајнери и нивните фотосесии, ја гледавме и на телевизиски реклами, а имеше кус обид и да го води државното Лото извлекување.

Таа во 2016 година се омажи со фудбалерот Јован Костовски, а за нивната свадба се пишуваше на големо во домашните медиуми. Сепак, овој брак траеше само две години, Маја и Јован се разделија и секој тргна по свој пат. Стефан пак, никогаш не го криел приватниот живот како и досегашните девојки, а дали и во овој случај ќе се води по иста пракса, останува да видиме…

вистина.мк