Традицијата продолжува: И оваа година, Владимир Путин се нурна во ледени води (ФОТО)

ИЗВОРSrbija24
|

Рускиот претседател Владимир Путин учестуваше во овогодинешното Богојавленско капење и се нурна во ледената вода, соопштуваат од Кремљ.

Како што се наведува, тој тоа го направил во еден храм во Подмосковљ.

Минатата година Путин исто така влезе во ледените води во езерото Селигер северно од Москва.
Како што соопшти портпаролот на претседателот Дмитриј Песков, рускиот претседател тогаш прво ја отслушал литургијата а потоа влегол во езерото.